Logo Design by FlamingText.com


Sunday, 2017-10-22, 11:42 AM
Добре дојдовте, Guest
ЗИМА ДОЈДЕ, СНЕЖЕЦ СНЕЖИ


Ах, ние децата! Зошто и се радуваме на таа бела кралица! ЗИМАТА!! Се разбира ни го носи белиот снег, а со него, што можеме!? Па, можеме да го фатиме со нашите детски рачиња да го стиснеме силно во нив и ете ја снежната топка, да легнеме во снегот, ете ја нашата снежна слика, да го почуствуваме вкусот и мирисот на снегот. И нешто најмногу што го сакаме да го направиме  Снешко да му ставиме едно тенџерче или капа, шалче, морковче, камчиња, гранче, да се радуваме и да пееме покрај него, но најмногу ќе се радуваме ако го зачуваме до пролет. Дали тоа ќе се случи ќе видиме кога ќе пристигне пролетта, може ќе смислиме до тогаш нешто.
А, снегот го почувствуваме и во нашата весела училница, читајќи и слушајќи го расказот од нашиот писател Стојан Тарапуза...

ВРНЕ СНЕГ

Врне снег! Врне снег! Под снегулки е секој брег. Секоја нива, секој рид, секој покрив и ограден ѕид. Под снегулки е и секој пат и на гранките оголениот врат..
Од нив ветрот прави витли... Исекој врв е со бела чалма!
Врне снег! Врне снег! Смејте се деца ко памук е мек!
Земете скии, сковете санки, впрегнете нозе, стегнете дланки и со нив така, ко асови, јурете секаде со часови!
На тоа вие имате право... Снегот е бел дар, речете му:„Здраво!"
Речете му гласно и уште нешто, и во желбите ваши направете му место!
Тој е рожба на Зимата-мајка. Ќе ви ја раскаже својата бајка. Ќе ви ги каже и своите тајни, ниви игри, магиите сјајни. Ќе ви ги каже и своите песни, и своите басни и гатанки лесни...
Врне снег! Врне снег! За птиците храна ни за лек! Тоа е тажно, но што да се прави?! Вие сте деца со резони здрави... Направете им ајде куќички од дрво! Наполнете ги добро со храна до врвот! И со најлон врвци во дланките, прицврстете ги добро за гранките.
Оставете ги отворени да стојат, гладните птици со поглед да ги бојат!
За нив се тие птичји ресторани во кои се гостат со највкусни храни!
Врне снег! Врне снег! Земјата е под покрив мек!


Што уште ни носи зимата? Па, тука е пречекот на Новата година, пеењето на коледарските песни и големиот христијански празник Божиќ. Посакавме многу желби да ни се исполнат во Новата година, но си дадовме и ветувања за поуспешна, повесела, среќна и разиграна година првенствено на себе си, своите родители и наставници.Ќе се трудиме да ги исполниме бидејќи тоа што го ветивме треба да го исполниме, ги запишавме на ливчиња и си ги ставивме во дизајнираните теглички за желби и ветувања. Упс!!! Нешто ќе заборавивме,  нашиот мил сакан дедо со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми. Нашиот сакан Дедо Мраз, исполнителот на детските желби, кој се појавува во секој дом и ги носи подароците со неговите помошници, џуџињата и осумте ирваси. Се обидовме преку интернет да ја најдеме неговата адреса и  му ги  напишавме нашите пораки со желби. Можете и Вие тоа да го сторите на оваа интернет страна, само кликнете на сликата.

 
А, сега видете, што се изготвивме и направивме за да ја украсиме и пречекаме Новата година во нашата училница.










НОВА ГОДИНА


Од далеку дојде,
од високо слезе,
во секое катче,
ко невеста влезе!

На портите тропна,
на вратите чукна,
со балон од смеа,
во собата пукна!

Со љубов не зближи,
на оро не сплете,
дар убав му даде
на секое дете.

Крај масите седна,
од тортите касна,
до наутро беше
песнопојка гласна!

Од далеку дојде,
од високо слезе,
со нов елан сега
животот го везе!

 



Еве, некои подзаборавени песнички за Нова година и Божиќ, кои можат да ни послужат во наставата на оваа тема.

„Божиќ за секој од нас"-Александар Белов, Александра Пилева,Кристина Арнаудова,Александар Митевски, Росица, Фросина и Димитар




"Новогодишна песна„ - Оливера Лазарова и Џокси



„Среќна Нова година"- Елена Ристовска




Тоше Проевски „Jinge bells"



Интересни игри