Thursday, 2017-12-14, 10:36 PM

Welcome Guest | RSS

Сликање со сапун

Многу забавен начин да сликаат учениците со помош на изготвена смеса од  сапун, прекрасно се забавуваа, а воедно и помагаа за да се направи смесата, и најинтересниот начин им беше кога сликаа во групи, нивната радост, среќа и задоволство им немаше крај.

  

Основен рецеп за изготовка на смесата:

1 бел сапун 
 
300 мл. врела вода

прехрамбени бои

миксер со блендер

Сапунот се сецка на поситни парчиња, па му се додава жешката вода и се блендира смесата. Таа се дели на повеќе дела во зависност од тоа колку бои сакате да имате, може да ги направите само основните бои, па потоа да ги комбинирате за да ги добиете и другите.
Ви посакувам што побру да се обидете да го направите овој рецепт, навистина многу убаво ќе се чувствуваат вашите деца и ученици кога ќе си играат со боите, може да сликаат со прсти, четка или пак стапче.