Sunday, 2017-10-22, 11:35 AM

Welcome Guest | RSS

МОИТЕ СЕТИЛА
Запознавање со околината

Тековните активности на часот се одвиваа во три фази.

Прва фаза:

- Часот го започнувам со игровна активност „Пипни нешто" и ги објаснувам правилата на играта.

Ја откривам целта на часот и им ги кажувам очекувањата кои треба да ги постигнат.

Втора фаза:

1.Игра „Откриваме со сетилата за вид" ги потикнувам на активност ( двајца ученика разговараат на телефон едниот го опишува листот од јоргован со сетилото за вид) поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.

2.Игра „Откриваме со сетилата за слух" ги потикнувам да ги откријат звуците од ѕвончето и свирчето,  шумовите од хартијата и кесата кои не ги гледаат, поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.

3.Игра „Откриваме со сетилото за мирис" ги поттикнувам да ги откријат супстанците од оцет, вода и портокал кои се во затворени теклички со отвор, поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.

4.Игра „Откриваме со сетилото за вкус" ги поттикнувам да разговараат за вкусовите на плодовите од јаболко, банана и цитрон

5.Игра „Откриваме со сетилото за допир" ги поттикнувам да ги откријат предмети од црната вреќичка со допир, поставувам поттикнувачки прашања за следената активност.

Одговорите на поставените прашања и заклучоци се оценуваат со помош на усна повратна информација.

Потоа им вртам презентација за „Моите сетила„ преку која им демонстрирам слики со сетилните органи и ја објаснувам нивната улога.

Им ги покажувам сликите со предметите, кутиите (означени со сетилните органи) и задавам задолжение да ги разгледаат сликите и да ги класифицираат во групи и да ги стават во кутиите со дадениот нивни редослед, ги оценува со холистичка листа.

Трета фаза:

Го демонстрирам и објаснувам работниот лист кои учениците треба да го изработат во компјутер (работат во парови).

Им помагам во работата на компјутер според барањата и прашањата поставени од учениците, објаснувам, покажувам, ја следам нивната работа, ја оценувам нивната практична работа со помош на чек листа.

На USB ставам  дел од нивните изработки, а потоа ги поврзувам преку проекторот и давам задолжение  да ја презентира нивната изработка.

Во прилог може да ја симнете дневната подготовка, инструментите за оценување холистичката листа, чек листаработен лист за учениците