ДЕТСКИ СРЦА - ДОМА
Logo Design by FlamingText.com


Thursday, 2017-12-14, 10:33 PM
Добре дојдовте, Guest



Здраво на сите! Јас сум овде НОВА, содржам повеќе страни за екологијата. Само со еден клик на маусот од мојата слика и ќе се најдете на гости кај мене се надевам дека ќе ви се допаднам или пак не, пишете те го вашето мислење  ќе ни причинува големо задоволство. А, сега Ве поздравувам!!!




НАШЕ ТОПЛО ДОБРЕ ДОЈДЕ ЗА СИТЕ!!!!



МЕСТО ПРЕДГОВОР!!!

Оваа наша Интернет книга ја започнуваме се со цел да навлезете длабоко во нашите детски срца, да ја осознаете и погледнете големата љубов, искреноста, дарбата, работата, ентузијазмот, креативност кои ги даруваме секојдневно безусловно на Вас нашите родители, наставници, баби и дедовци, роднини, другарчиња. Овој свет да го направиме што поубав, како боите на виножитото, топлото Сонце, жолтата есен, зелената пролет, снежната зима и топлото лето. Би сакале секое дете на овој свет да живее во мир, добрина, почит, искреност и ЉУБОВ. Од Вас возрасните зависи дали ќе не слушнете и дали ќе размислите за она што го правиме. Не СРАМЕТЕ се секојдневно дарувајте ја и изразувајте ја својата љубов кон децата, бидејќи тие секогаш знаат како и на кој начин најуспешно, наивно детски со големо срце да ни ја возратат. 


Во нашата Интернет-книга се наоѓаат повеќе страни кои пишуваат за нас преку разни фотографии, презентации, изработки. Секоја страна си има своја приказна и се надеваме дека ќе ви се допадне на сите оние кои сакаат да се запознаат со  работа на детските вредни рачиња. Секојдневно ќе се трудиме да ја збогатуваме со нашата детска креативност, искреност, добрина, желба и труд и да бидеме што подобри и побогати со знаења, вештини, мислења и ставови. Искрено се надеваме дека ќе им помогнеме на нашите мили, сакани родители, тетки, баби, дедовци, вујковци,стрини, чичковци, ведри и насмеани наставници за да бидат што подобро информирани за училишното наше секојдневие и со сите предизвици со кои се среќаваме во текот на цела учебна година.



Повелете,  разгледајте ја нашата ИНТЕРНЕТ - КНИГА
Голема благодарност на сите оние кои ќе одвојат барем малку време за нас.
СЕКОЈ ЧОВЕК Е ЕДНО НАЈГОЛЕМО ДЕТЕ.

Ноември - месец на книгата
Мината учебна година имавме активности на тема „Книгата е мојот живот", изготвивме плакати,пишувавме мисли за книгата.
Еве некои мисли кои ги напишавме:

-Книгата е знаење
-Книгата е најголемиот другар
-Книгата е извор на мудрости
-Книгата е најголемо богатство....
Албум со слики од нашите активности за книгат










ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА Е ВО ПОЧЕТНА ФАЗА НА ИЗРАБОТКА:) :) :)......